Арсенал ќе купува дефанзивец од Шпанија

Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе мора да доведе нов дефанзивец во зимскиот преоден рок откако остана без Роб Холдинг до крајот на сеозната. Повреден е и Лорен Кошиелни, па менаџерот Унаи Емери гледа засилување од родната земја.

Прв „пик“ на Арсенал е одбранбениот фудбалер на Валјадолид, Фернандо Калеро, а Емери е подготвен да ја плати отштетната клаузула од 10 милиони фунти. „Топчиите“ како конкуренција ќе го имаат Борусија Дортмунд и Клуб Бриж, кои исто така се заинтересирани за 23-годишниот фудбалер.

Се вчитува...