Арсенал ќе напаѓа со Мартинели, Сака и Тросар, Дембеле како централен шпиц кај ПСЖ

Арсенал и ПСЖ го играат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите во Лондон. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изненади со составот, откако се одлучи не со Мерино во нападот, туку со Тросар како најистурен шпиц во нападот.

На Белгиецот друштво ќе му прават Сака и Мартинели во нападот.

Усман Дембеле е најавен како централен напаѓач кај ПСЖ, и покрај тоа што тој дејствува како крилен напаѓач. Дуе ќе игра на десната страна, а Кварацхелија на левата.

Двајцата менаџери со најсилните состави ќе бркаат добар резултат во првото полуфинале на „Емирати“. Овие два тима веќе играа сезонава во ЛШ, и Арсенал го доби тој натпревар.

Се вчитува...