Арсенал ќе патува во Украина, УЕФА нема да одложува натпревари поради воената криза

Натпреварот меѓу Ворскла и Арсенал од петтoто коло во групниот сегмент во Лигата на Европа ќе биде одигран според предвиденото и покрај руско-украинската воена криза соопшти УЕФА.

„Потврдуваме дека натпреварот ќе биде одигран како што е планирано. Како што е случај со сите натпревари под ингеренции на УЕФА, ќе бидат преземени сите безбедносни мерки“ – стои во соопштеието од УЕФА.

Натпреварот кој ќе биде одигран в четврток во Полтава, наводно бил доведен во прашање поради новите тензии на релација Украина -Русија.

 

Се вчитува...