Арсенал имаше сезона за заборав во која остана без место на европската сцена следната сезона, па „топчиите“ ги очекува и тежок трансфер период во кој ќе се обидат да состават респектабилен тим за борба меѓу „Топ 6“ тимовите во она што следи.
Лондонскиот клуб отпадна во трката за „чудото на Чемпионшип“, Емилиано Бундиа кој ги засили редовите на Астон Вила, па сега Арсенал ќе се обиде во своите редови да го доведе играчот на Лајпциг, Марсел Сабитцер кој ќе го чини тимот околку 15 милиони евра.
Австриецот беше желба на „топџиите“ и во минатото, но тогаш Лајпциг не се согласи да го продаде за помалку од 43 милиони евра, но сега работите се променети. Договорот на Сабитзер со клубот истекува на крајот на следната сезона, а 27-годишникот бара промена на средината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА