Неочекуван кикс на Арсенал пред своите навивачи во 37. коло од Премиерлигата, ремизирајќи (1-1) со Брајтон за крај на надежите за место во Лигата на шампионите следната сезона.
„Топчиите“ поведоа со голот на Обамејанг во 9. минута од пенал, но Мареј во 60. минута, исто така од белата точка, израмни за гостите.
За Арсенал беше неопходна победа за да остане во трката со Тотенхем за четвртата позиција на табелата пред последното коло од првенството на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА