Арсенал е на добар пат конечно да се ослободи од Месут Озил откако Фенербахче покажа сериозен интерес за да го доведе германскиот плејмејкер во своите редови. Фенер имаше катастрофална сезона во која едвај обезбеди опстанок, а претседателот Коч сака токму со ангажманот на Озил да го најави враќањето на својот клуб на врвот на турскиот фудбал.
Озил зема неделна плата од 350.000 фунти во Арсенал, поради што „топчиите“ се подготвени да го пуштат и на двогодишна позајмица, само за да се ослободат од давачките кон него.
„Озил во Фенербахче е реална опција, шансите би ги оценил нешто над 50%. Претседателот Коч прави се за трансферот да се реализира, се бараат спонзори што би ја покриле неговата плата“ – открива турскиот новинар Фатих Доган, повикувајќи се на извори од управата на Фенер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА