Арсенал купи стопер за 50 милиони евра

Арсенал ги договори сите детали со Болоња за трансферот на италијанскиот репрезентативец Рикардо Калафиори.

Англичаните, како што пренесува италијанскиот новинар Николо Скира, треба да платат отштета од 50 милиони евра. Калафиори, пак, во Арсенал ќе заработува четири милиони евра по сезона.

Според договорот, кој официјално треба да биде потпишан на 19. јули, Калафиори ќе биде „топчија“ се до јуни 2029 година.

Се вчитува...