Англискиот премиерлигаш Арсенал во летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира левиот бек на Селтик и шкотски репрезентативец Киран Тирни. „Топчиите“ подолг период имаат проблем со левата странична позиција, Монреал и Колашинац често се повредуваат и менаџерот Унаи Емери мора да импровизира барајќи други решенија.
Арсенал подготвува понуда од 25 милиони фунти за Тирни и верува дека ќе успее да го доведе на „Емирати“.
Во моментот составот на Емери се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Премиер – лигата и се обидува да го задржи курсот за пласман во Лигата на шампионите. Вечерва „топчиите“ на домашен терен го пречекуваат Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА