Арсенал го запоседна врвот во Премиерлигата откако апсолутно без никакви проблеми дојде до убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Брентфорд во 7. коло.
„Топчиите“ уште во 17. минута дојдоа до предност со голот на Салиба, а веќе во 28. минута беше и 0-2 со погодокот на Хесус.
Во 49. минута Фабио Виеира ги постави конечните 0-3.
Со најновите три бода, Арсенал со 18 бода, повторно се врати на врвот од табелата со еден бод предност во однос на Манчестер сити и Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

