Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед ќе играат еден против друг во САД

Премиерлигашите Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед летово ќе се подготвуваат во САД, и ќе играат натпревари еден против друг.

Првиот меч е на програмата на 27. јули во Лос Анџелес каде ќе се сретнат Арсенал и Манчестер Јунајтед. Ливерпул ќе игра против Арсенал на 31. јули во Филаделфија, додека на 3. август „црвените“ ќе се сретнат со Арсенал во Јужна Каролина.

Арсенал и Манчестер Јунајтед одржаа претсезонски турнеи во САД и лани, додека Ливерпул не бил во оваа земја на подготовки од 2019 година.

Се вчитува...