Поранешната легенда на Арсенал, Јан Рајт смета дека Михајло Мудрик го одбрал Челси поради парите. Иако беше блиску до трансфер во Арсенал, сепак, на крајот заврши на „Стемфорд Бриџ“ за 100 милиони евра.
Украинецот цело време беше пред промоција на „Емирати“, меѓутоа на крајот Челси достави подобра понуда и до Шахтјор, и до него за плата, со што Мудрик на крајот заврши во „синиот“ дрес.
„Сметам дека добро ќе се вклопеше во Арсенал. Бев разочаран од него, но и разочаран и од Арсенал кој некако лесно се откажа од него и кажа „во ред е“. Мудрик го одбра Челси за парите, и не го обвинувам со оглед на тоа што му се случувало во животот. Бев само разочаран што Арсенал не го ангажираше“, изјави екс голгетерот на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

