Арсенал мисли на иднината, планирани три потписи

Екипата на Арсенал досега се истакна како главен фаворит за освојување на шампионската титула. Фудбалерите на Микел Артета се првопласирани на табелата, играат во одлична форма, и пред се поради слабите игри на нивните ривали Ливерпул и Манчестер Сити, се чини дека сезонава можат до трофејот.

Меѓутоа во Арсенал размислуваат за својата иднина. Затоа после одличниот преоден рок во кој беа донесени Ѓокереш, Езе и Мадуеке, сега на ред се обновување на договорите со главните играчи.

Прв, пред сите, за продолжување на договорот ќе биде Букајо Сака. Целата е раководството да потпише нов договор со него, да му се зголемат примањата, а се оди во добар правец. Меѓутоа тој не е единствен со кого ќе се преговара. Другите двајца се Јулиен Тимбер и Деклан Рајс, кои исто така би можеле уште долго да останат на „Емирати“.

Се вчитува...