Арсенал му ја оствари 60 милионската желба на Артета, но не го реши најголемиот проблем

Само што заврши сезоната 2024/25, уште една неуспешана во серија за Арсенал, раководството на клубот со цел да ја промени ситуацијата во клубот на тренерот Микел Артета му ја оствари голема желба со ангажман на нов фудбалер од средниот ред – Мартин Зубименди.

Зубименди беше трансфер мета и на Реал Мадрид и на Барселона, претходното лето беше и пред трансфер во Ливерпул, но на крајот се одлучи да му се приклучи на Артета во северен Лондон. Според медиумите овој трансфер е веќе договорен и за истиот Арсенал ќе издови 60 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула. Остануваат само да се завршат медицинските прегледи и 26-годишниот Шпанец да му се стави на располагање на сонародник уште пред Светското клупско првенство.

Зубименди пристигнува, но со негов ангажман Арсенал не ја решава најпроблематичната напаѓачка позиција па Шпанецот нема да биде единственото бомбастично засилување оваа сезона.

Арсенал ќе добие и врвен напаѓач, а дилемата е само кој ќе биде тој, дали Виктор Ѓекереш или Бенџамин Шешеко. Премиерлигашот води преговори со агентите на Швеѓанецот и Словенецот.

Се вчитува...