Арсенал се наоѓа на чекор до четврт-финалето од Лигата на Европа откако избраниците на Арсен Венгер неочекувано лесно славеа на гостувањето против Милан со 0-2. „Топчиите“ влегоа во овој меч со серија од четири порази во сите натпреварувања, но покажаа и квалитет и карактер, уште во првото полувреме решавајќи ги дилемите околу победникот. Мхитаријан го отвори резултатот на „Сан Сиро“, а Ерменецот потоа асистираше до Рамзи за 0-2 пред самиот крај на полувремето. Иако Милан покажа желба и со офанзивен фудбал се обидуваше да стори нешто повеќе, избраниците на Гатузо сепак беа немоќни да ја затресат мрежата на Оспина.
Mkhitaryan scores a crucial away goal #afc pic.twitter.com/gYQ0Pm6Pqy
— ArsenalGIF (@ArsenalGIF) March 8, 2018
Aaron Ramsey goal vs. AC Milan. pic.twitter.com/Kxd6kROc9T
— GRI TV (@GRI_TV) March 8, 2018
Тимот на Борусија Дортмунд беше непријатно изненаден на домашен терен од Салцбург, губејќи пред своите навивачи со 1-2. Австрискиот првак изненади со фуриозен старт на второто полувреме, кога со двата гола на Бериша набрзина поведе со 0-2. „Милионерите“ беа во шок, а до крајот успеаја само да го ублажат поразот преку Шурле, на асистенција на Перишиќ. За Салцбург ова беше прва победа на гостувањата во Германија во историјата на австрискиот првак, кој се наоѓа на чекор до историски пласман меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на Европа.
Лион стигна до голема победа на гостински терен, триумфирајќи во Москва над ЦСКА со 0-1 со голот на Марсело кон средината на второто полувреме.
Lyon first goal #marcelo #Lyon #cska #CSKAOL pic.twitter.com/LXhVDhQute
— Ahmed Dler (@AhmedDler3) March 8, 2018
Атлетико Мадрид лесно ја оправда фаворитската улога на домашен терен против Локомотив Москва, стигнувајќи до победа од 3-0. Иако без помошта на Облак и Годин, тимот на Диего Симеоне рутински ја одработе задачата благодарение на погодоците на Саул Нигез, Диего Коста и на Коке. Мора да се истакне водечкиот гол на Нигез, кога младиот играч за врска прифати топка на 40 метри од противничкиот гол, за потоа да постигне еврогол од триесетина метри, за уште една потврда за неговиот вонсериски квалитет.
Atletico Madrid 1-0 Lokomotiv Moscow GOAL; 22’ Saul Niguez pic.twitter.com/GzT1Hh5iNB
— Yasin Ozan Terme (@Yasin___Ozan) March 8, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА