Јапонскиот фудбалер Такехиро Томијасу е во преговори со Арсенал за нов договор, пренесуваат британските медиуми. Како што истакнуваат медиумите од островот, преговорите околу продолжување на соработката се во завршна фаза.
Томијасу дојде летото 2021 година, а во Лондон пристигна од Болоња. Арсенал го донесе пред две и пол години за речиси 20 милиони евра. Тој треба да потпише нов договор со „топчиите“ до 2025 година, со опција за продолжување на соработката на уште 12 месеци.
Во 2018 година, Јапонецот ја почна својата европска турнеја во белгискиот Сен Труден, откако претходно играше и за Фукуока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА