Левиот бек на Лацио, Нуно Таварес во зимскиот преоден рок би можел да ја промени средината и од главниот град на Италија да се пресели во Саудиска Арабија.
За неговите услуги е заинтересиран Ал Итихад, а со оглед на финансиските проблеми со кои се соочува Лацио и самиот клуб нема ништо против фудбалерот кој остана на клупата за резерви на три од последните пет натпревари.
За реализација на трансферот навива и Арсенал кој има право на 40 отсто од износот на неговиот следен трансфер.
Како потсетување, Таварес се пресели во Лацио во летото минатата година од Арсенал, прво на позајмица, а подоцна неговиот договор беше откупен за пет милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

