Арсенал вечерва го пречекува Кардиф во првиот меч на велшкиот клуб по падот на авионот на Емилијано Сала, кој не дочека да го облече дресот на овој премиерлигаш по трансферот од Нант.
„Топчиите“ направија убав гест, па во денешната програма за натпреварот го вклучија и аргентинскиот ас, како спомен за одличниот голгетер кој требаше вечерва да дебитира во Премиер-лигата.
Се очекува во текот на утрешниот ден потрагата по авионот со кој се возеше Сала да продолжи, но шансите за евентуални преживеани се сведени на апсолутна теорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА