Арсенал не може да ги чека Ѓокереш и Шешко, па влегува во трка за Екитике

Тимот на Арсенал се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Југо Екитике, и така им се приклучи на Ливерпул, Челси и Манчестер Јунајтед, кои исто така се заинтересирани за напаѓачот.

Според „Билд“, топчиите се подготвени да стапат во преговори и да се договараат со неговиот клуб, откако се во застој преговорите за ангажман на Бенџамин Шешко од Лајпциг и Виктор Ѓокереш од Спортинг.

Договорот на Французинот е до 2029 година, а претходно германскиот тим ја одреди сумата за својот голгетер. Таа изнесува 100 милиони евра, но тешко дека некој ќе ја плати оваа сума, па затоа заинтересираните тимови се подготвени да преговараат.

Се вчитува...