Арсенал во голем стил ја почна новата сезона, „топчиите“ се убедливо први во Премиер-лигата, имаат максимален ефект и во Лигата на Шампионите, а паралелно со тоа успеаја и да потпишат нови договори со неколку стандардни првотимци.
Следна цел на управата на лондонскиот клуб е да успее да го „врзе“ капитенот Букајо Сака, со кого веќе се стартуваи пеговорите за продолжување на соработката. Актуелниот договор на Сака истекува во јуни 2027 година, но „топчиите“ настојуваат да ја продолжат соработката со 24-годишниот ас најмалку до 2030, на тој начин да испратат нова порака дека не планираат да дозволат најдобрите фудбалери да си заминат од „Емирати“.
За одличниот офанзивец е подготвено и големо зголемување на платата, па Сака ќе има „нето-плата“ од еден милион фунти месечно, со што ќе влезе во Топ 3 најплатените фудбалери во Премиер-лигата.
Англиските медиуми најавуваат дека преговорите се во завршна фаза и Сака најдоцна до крајот на годинава ќе го потпише новиот договор, уште еден во низата докази дека Арсенал се движи во вистински правец за враќање на шампионските патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

