Лорен Кошиелни неколку сезони наназад е вистински лидер на одбраната на Арсенал, а вечерва уште еднаш се виде на дело колку е значаен францускиот интернационалец за играта во дефанзива на „топчиите“.
Имено, по првото полувреме против Баерн резултатот гласеше 1-1, а проблемите за Венгер се појавија кога Кошиелни го повреди мускулот, па мораше да го напушти теренот, а на негово место во игра влезе Габриел. Сето останато е добро познато – Баерн во следните десет минути даде два гола и го реши прашањето на победникот, за баварскиот гигант потоа да постигне уште два погодоци за преубедлив триумф од 5-1.
Првичните информации велат дека Кошиелни ќе отсуствува најмалку 20 дена од терените, па францускиот ас ќе го пропушти гостувањето против Саутемптон во Премиер-лигата, а неизвесен е и неговиот настап на големото дерби со Ливерпул на „Енфилд“, закажано за 4 март, три дена пред реваншот со Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА