Мартин Едегард го очекува пауза од фудбалските терени откако капитенот на Арсенал го повреди коленото во првото полувреме од мечот со Вест Хем.
Деталните прегледи ги потврдија стравувањата дека станува збор за проблем со лигаментите, но добра вест за Артета е што станува збор за медијалните, а не за предните вкрстени лигаменти во левото колено. Како што објавија „топчиите“, плејмејкерот сигурно ќе ги пропушти наредните средби за својата репрезентација, а се уште е неизвесно кога тој би можел да се врати на терените.
„Мартин Едегард се повлече од настап за норвешката репрезентација против Израел и Нов Зеланд, поради повредата на медијалните лигаменти на левото колено за време на мечот со Вест Хем. Мартин ќе продолжи со рехабилитацијата со нашиот медицински тим, се со надеж што порано да може да се врати во тимот“, се вели во соопштението на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

