Арсенал одигра шампионски, Јунајтед не може ни со најслабиот тим во лигата

Арсенал уште еднаш покажа карактер на шампионски тим откако вечерва по многу борба ја декласираше Астон Вила со 4-1, прекинувајќи ја неверојатната серија од 11 победи во сите натпреварувања на гостите од Бирмингем.

Првото полувреме донесе израмнета игра на двете страни, но затоа вториот дел мина во целосна доминација на домаќините, кои за само неколку минути поведоа со 2-0 со головите на Габриел и на Зубименди. Вила беше во шок, Арсенал го искористи тоа за да даде уште два гола преку Тросар и Габриел Жезуес, пред Воткинс во судиското продолжение да ги постави конечните 4-1.

За разлика од Арсенал, тимот на Манчестер јунајтед повторно се избламира, овојпат играјќи само 1-1 на „Олд Трафорд“ против најслабиот тим во лигата. Вулверхемптон до вечерва имаше две реми и 16 порази, но „волците“ сепак успеаја да останат непоразени против тимот на Рубен Аморим, ремизирајќи благодарение на голот на Крејцл откако Циркзе го доведе Јунајтед во водство.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...