Арсенал направи уште еден голем чекор кон освојувањето на Премиерлигата, но, „топчиите“ се уште се во игра за сите четири трофеи, а следната недела ќе биде клучна во две натпреварувања, Лигата на шампионите и Лига купот.
Пред реваншот од осминафиналето на елитното европско натпреварување против Баер Леверкузен, лондонскиот клуб има сериозни проблеми со играчкиот кадат.
Во вторник, Арсенал го пречекува Баер на својот стадион. Микел Артета, откри дека сигурно нема да може да смета на Мартин Одегар и Журиен Тимбер поради повреди. Прашањето е дали ќе може да смета на нив во недела за финалето на Лига купот против Манчестер Сити.
„Ќе мора да почекаме и да видиме дали ќе се опорави до финалето. Ни требаат сите во овој момент“, рече Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

