Арсенал падна на „Вила Парк“

Астон Вила го прескокна Арсенал на табелата откако премиерлигашот од Бирмингем попладнево ја доби меѓусебната пресметка на „Вила Парк“ со минимални 1-0.

Како пресуден се покажа погодокот што домаќините го постигнаа веќе во 2. минута од мечот, кога по една наивно загубена топка во својата половина „топчиите беа казнети од Воткинс, кој успеа да ја смести топката во нивната мрежа. Арсенал имаше повеќе од поседот на топката, но не успеа да стигне до израмнување пред се поради голманот Мартинез, кој на најдобар можен начин му се одмазди на Артета што го избра Лено како прв голман и реши да го продаде во Астон Вила.

До крајот на мечот и домаќините имаа две убави шанси за гол, но гостинскиот голман успеа да ги запре ударите на Грилиш и на Воткинс.

Се вчитува...