Арсенал пак остана без главниот напаѓач, но Артета нема премногу избор…

Арсенал загуби на домашен терен од Ливерпул во ФА Купот на Англија, трет пораз во низа за „топчиите“ во сите натпреварувања и јасен знак дека лондонскиот клуб влегува во сериозна резултатска криза.

Главна причина за денешниот неуспех беа нереализираните шанси при 0-0 што Арсенал ги имаше многу, но недостигот на врвен голгетер повторно се покажа како клучен фактор. Габриел Жезус, кој повеќе од половина сезона беше „во аут“, денеска повторно не настапи, по што навивачите повторно на сцена можеа да видат дека Каи Хаверц е една од најслабите „лажни деветки“ во англискиот фудбал сезонава.

Јасно е дека Артета би сака да доведе нов голгетер, но откако Арсенал потроши богатство во текот на летото на Деклан Рајс, Хаверц и на Тимбер, буџетот за оваа натпреварувачка сезона е завршен.

„Мислам дека проблемот со Жезус не е премногу сериозен, но не сакавме да ризикуваме. Ќе видиме како ќе реагира во наредните денови. Нов напаѓач? Тоа би било добро, но мислам дека не е реална опција во моментов. Немам многу избор, треба да се снаоѓам со играчите кои ги имам на располагање и да ги направам подобри“, истакна Артета по поразот од Ливерпул.

Се вчитува...