Арсенал пикираше две летни засилувања

Во оваа сезона тешко е да се очекува дека Арсенал по долго време ќе дојде до титулата во Премиерлигата, па уште од сега „топчиите“ бараат играчи со кои ќе се засилат за следната сезона да се обидат да дојдат до толку посакуваниот трофеј, на кој чекаат долги години.

Новиот спортски директор веќе работи на новите засилувања кои на лето би требало да дојдат во Лондон.

Арсенал активно работат на потписот на играчот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди.

Тоа е едната цел, а втората е Бруно Гимараеш од Њукасл. Сепак, Арсенал ќе може да дојде до услугите на Гимараеш, само доколку Њукасл не успее да се пласира во Лигата на шампионите, што во овој момент е многу веројатно. Во тој случај Њукасл ќе бара 60 милиони евра од заинтересираните за неговите услуги.

Се вчитува...