Арсенал плаќа богатство за Калафиори

Арсенал е на прагот да го комплетира трансферот на дефанзивецот на Болоња, Рикардо Калафиори. Како што објави „Газета дело Спорт“, лондонскиот клуб испратил понуда од 53 милиони евра, а во Лондон веруваат дека тоа ќе биде доволно за да го ангажира играчот.

Покрај тоа, се забележува дека дефанзивецот ќе заработува околу четири милиони евра годишно. Повеќе извори пренесуваат дека Калафиори веќе ги договорил сите детали со Англичаните и дека треба да потпише договор кој ќе има важност до јуни 2029 година.

Останува Болоња дефинитивно да даде зелено светло за трансфер. Калафиори минатата сезона во Болоња одигра 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.

Се вчитува...