Ливерпул остана лидер во Премиерлигата откако во последниот натпревар од 19. коло, Арсенал загуби со 0-2 на гостувањето од Вест Хем.
Сепак, натпреварот го одбележа уште една во низата ВАР-контроверзии оваа сезона во Премиерлигата.
Вест Хем дојде до водство од 0-1 со голот на Соучек уште во 13. минута по една сомнителна ситуација во која долго време се проверуваше ВАР. Видео технологијата долго проверуваше дали топката ја минала претходно корнер-линијата, за да на крај одлучи дека голот на Вест Хем е регуларен.
Во второто полувреме Мавропанос во 55. минута ги постави конечните 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА