Арсенал конечно успеа да ја прекине серијата порази на гостувањата во Премиер-лигата, откако „топчиите“ вечерва славеа над Мидлсброу со 1-2. Ова беше прва победа за Арсенал надвор од „Емирати“ по пауза од три месеци (претходната ја забележа над Свонси со 0-4), со што тимот на Арсен Венгер покажува знаци на живот токму пред завршницата на сезонава.
Венгер се реши да ја промени формацијата, па го стартуваше мечот со тројца дефанзивци во линија (Габриел, Кошиелни и Холдинг). Играта на „топчиите“ сепак остана бавна и недоволно инвентивна, но во ситуација кога против себе го имаа еден од најслабите тимови во лигата, фудбалерите на Арсенал сепак успеаја да стигнат до победата. Алексис Санчез од слободен удар го отвори резултатот, за Мидлброу да израмни на 1-1 преку Алваро Негредо.
Домаќините имаа извонредна шанса при овој резултат преку Ајала, но Чех го одбрани неговиот удар, за конечните 1-2 да ги постави Месут Озил на додавање на Рамзи.
Alexis Sánchez Free Kick Goal HD… by footballtvvideos
Álvaro Negredo Goal HD – Middlesbrough 1-1… by lifefootball
Mesut Özil Goal HD – Middlesbrough 1-2 Arsenal… by footballderby
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА