Арсенал постигна договор со дефанзивец на Валенсија

Англискиот вицепрвак Арсенал, ги договори личните услови на играчот на Валенсија, Кристијан Москера. Неколку шпански и англиски медиуми ја потврдија оваа информација, со што екипата ќе ја засили дефанзивата.

21-годишниот шпански централен дефанзивец е веќе на пат кон Лондон. Меѓутоа најпрво треба да се договорат двата клуба. Валенсија ја одби првата понуда на Арсенал, која изнесуваше околу 14 милиони евра.

Се очекува „топчиите“ да испратат и втора понуда, која би изнесувала од 20-25 милиони евра со бонуси, која Шпанците би требало да ја прифатат. Поради добрите настапи, Москера го сврте вниманието кон себе, и го привлече интересот на Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Милан.

Се вчитува...