Арсенал повторно испушти 2-0, само бод против Вест Хем за „топџиите“

Вест Хем му одзема драгочени бодови на Арсенал во битката за титула откако во 31. коло ремизираше со 2-2 на домашен терен. „Топџиите“ имаа предност од два гола која „чекичарите“ успеаја да ја претворат во свој значаен бод.

Арсенал рано стигна до водство од 2-0 благодарние на головите на Жезус и Одегард во 7. и 10. минута, а успешната реализација од белата точка на Бенрама во 33. минута намали на 1-2 на полувремето.

Преку Сака во 52. минута Арсенал имаше можност за предност од 1-3, но откако репрезентативецот на Англија промаши пенал казната следеше на спротивната страна од Бовен кој три минути подоцна изеднали на 2-2. „Чекичарите“ имаа шанса преку Антонио за целосен пресврт до крајот на натпреварот, но напаѓачот ја погоди стативата.

Со денешното реми Арсенал останува на четири бода повеќе во однос на Манчестер Сити на врвот на табелата, но „граѓаните“ имаат натпревар помалку. За Вест Хем пак бодот е од огромно значење во битката за опстанок.

Се вчитува...