Англискиот премиерлигаш Арсенал се уште се надева дека може да игра во Лигата на шампионите следната сезона доколку го освои трофејот во Лигата на Европа, но исто така размислува и за засилувањата што би можеле да пристигнат на „Емирати“ во летниот преоден рок. Со доаѓањето на Пјер Емерик Обамејанг заокружена е навалната линија, но раководството на „топчиите“ посакува уште еден квалитетен играч за врска со офанзивни карактеристики. Покрај Месут Озил и Хенрик Мхитарјан, целта е да се доведе Емил Форсберг, креативецот на бундеслигашот Лајпциг и шведски репрезентативец.
Арсенал испрати понуда за Форсберг и оваа зима, но таа експресно беше одбиена од спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник. Според информациите од Островот, ќе следи нова понуда за одличниот Швеѓанец ова лето, со сума од околу 40 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА