Арсенал повторно не победи, Борусија Дортмунд поразена од Бохум (ВИДЕО)

Премиерлигашот Арсенал и во вториот подготвителен натпревар за новата сезона не победи, откако ремизираше против шкотскиот шампион Ренџерс 2-2. Топчиите може да бидат среќни на крајот што стигнаа и до реми бидејќи во 83. минута Нкетиа стрелаше за 2-2. Претходно Ренџерс на двапати водеше со головите на Балогун и Итен, додека првиот гол за Арсенал го постигна Таварес.

Борусија Дортмунд изненадувачки загуби од Бохум со 1-3 во приталески натпревар. Иако кај „милионерите“ во тимот повторно не се најде првата ѕвезда, Ерлинг Халанд сепак зачудувачки е тоа што загубија со 1-3 од клуб како што е Бохум.

Се вчитува...