Арсенал продолжува да гази, глупости на Кашемиро го чинеше Јунајтед против Саутемптон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал и понатаму продолжуваат со одличните игри во Премиер-лигата сезонава. Денеска избраниците на Микел Артета славеа на гостувањето кај Фулам со убедливи 0-3 во малото лондонско дерби како дел од 27. коло.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Габриел во 21. минута. На 0-2 зголеми Мартинели само пет минути подоцна, а конечните 0-3 беа дел на Одегор во судиското надополнување од првото полувреме.

Манчестер јунајтед одигра реми без голови 0-0 против Саутемптон. Клучен момент во натпреварот се покажа глупоста на Кашемиро кој по еден глуп старт доби црвен картон уште во 34. минута од натпреварот. Во последниот меч од 15 часот Вест Хем и Астон Вила ремизираа 1-1.

 

 

Се вчитува...