Арсенал ремизираше 2-2 на гостувањето на градското дерби со Ватфорд, меч во кој „топчиите“ прокоцкаа два гола предност.
Тимот на Унаи Емери делуваше одлично во првото полувреме, откако по двата гола на Обамејанг стигна до одлично водство. И кога се очекуваше гостите да продолжат во ист ритам, тие целосно му ја препуштија иницијативата на домаќинот и платија за тоа. Најпрвин по големата грешка на дефанзивците на Арсенал тимот на Ватфорд намали преку Клеверли, а на 2-2 од пенал израмни Переира.
На крајот „топчиите“ можат да бидат и среќни што освоија еден бод откако Лено спаси сигурен гол по шутот на Дукуре во 92. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА