Ливерпул го задржа стопроцентниот ефект на стартот на сезоната триумфирајќи на дербито со Арсенал со 3-1, дуел на кој блескаше двапати совладувајќи го Бернд Лено.
Конечниот исход можеше да биде поинаков доколку Арсенал ги искористеше своите шанси во првото полувреме, најпрвин Обамејанг не успеа да ја затресе мрежата по големата грешка и погрешното додавање при истрчувањето на голманот Адријан. Нешто подоцна Пепе излезе очи в очи со шпанскиот голман, но скапото засилување на „топчиите“ шутираше директно во домашниот голман.
Ливерпул се консолидираше, пред крајот на полувремето тргна во тотална офанзива и стигна до водство откако Матип биеше прецизно со глава по корнерот на Александер – Арнолд. Второто полувреме мина во знакот на Салах, кој зголеми на 2-0 од пенал, откако беше фаулиран од Давид Луиз. Египетскиот ас потоа зголеми на 3-0 по извонреден продор, најпрвин му побегна на Луиз, кој не смееше да го фаулира бидејќи веќе имаше жолт картон, потоа истрча до шеснаесетникот и мајсторски ја пласираше топката во долниот асгол од голот на Лено.
Се што успеа да стори Арсенал до самиот крај беше утешниот погодок на Тореира постигнат во 85. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА