Арсенал пронајде засилување во Порто

Англискиот премиерлигаш Арсенал и оваа сезона речиси сигурно ќе остане без пласман во Лигата на шампионите, а менаџерот Микел Артета тргна во реновирање на составот. Без учество во елитното натпреварување нема ниту голем буџет за засилувања, но Артета сепак се потруди да пронајде интересно име. Погледот му е насочен кон Порто и играчот за врска на овој клуб, Данило Переира.

Се работи за одличен играч од средниот ред за кој Артета верува дека може значително да го освежи меневарот на „топчиите“. Порто е подготвен да продава за да се извлече од финансиските проблеми што ги создаде коронавирусот, па Арсенал би можел и навистина евтино да стигне до посакуваната цел.

Отштетната клаузула за Данило Переира изнесува 60 милиони евра, но португалскиот клуб би се сложил на реализација на трансферот дури и ако добие само една третина од таа сума.

Се вчитува...