Навивачите на Арсенал се надеваат дека е дојдена сезоната во која нивниот тим конечно ќе стигне до трофејот во Премиер-лигата. Впрочем, „топчиите“ играат одлично и моментно се први на табелата, но имаат и сериозна конкуренција во Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола.
Згора на тоа, лондонскиот клуб ја има против себе и лошата традиција, која вели дека Арсенал никогаш не станал шампион на Премиер-лигата, кога за Божиќ се наоѓал на првото место на табелата.
Такви ситуации имало четири и „црвено-белите“ никогаш не упеале да се задржат на врвот. Последните две такви разврски беа во сезоната 2022/23 и во 2023/24, кога Арсенал беше прв пред крајот на декември, но тие сезони завршија со титули на Манчестер Сити.
Арсенал има три титули од формирањето на Премиер-лигата (1998, 2002 и 2004), но во сите овие сезони „топчиите“ не биле први за Божиќ, го ловеле лидерот и на крајот успеале да стигнат до првото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

