Арсенал дојде на „Алијанц арена“ и си помина идентично како и во ноември 2015 година. Прими пет гола и загуби со 5-1, оставајќи си само теоретски шанси за реваншот во Л0ндон, дека евентуално би можел да го елиминира Баерн Минхен. Со овој пораз „топчиите“ остварија и нов негативен рекорд. Тие се првиот англиски тим кој успеал да прими 200 гола во елитното европско клупско натпреварување.
„Последните 25 минути беа како кошмар за нас. Не успеавме да пронајдеме одговор за играта на Баерн Минхен. Бевме навистина неорганизирани во одбраната, а се случи и повредата на Кошиелни. Мораме да признаеме дека Баерн Минхен беше многу подобар тим“, изјави менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер по поразот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА