Арсенал славеше со 5-0 над Барнли, меч што ќе остане запаметен како последен на кој „топчиите“ ја имале улогата на домаќини под водство на Арсен Венгер.
Навивачите, кои во изминатите две години гласно бараа менаџерска смена, овојпат му ја дадоа на Французинот поддршката што ја заслужува, а играчите на теренот одиграа маестрално, добивајќи го ривалот кој важи за многу незгоден во текот на целата сезона.
Резултатот веќе во 14. минута го отвори Обамејанг, кој до крајот уште еднаш се запиша меѓу стрелците, заедно со Ивоби, Колашинац и со Лаказет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА