Арсенал сака да го купи Бразилецот Евертон

Англискиот премиерлигаш Арсенал планира да ја освежи навалната линија, а менаџерот Унаи Емери посакува во тимот да го доведе Бразилецот Евертон. Репрезентаивецот на „кариоките“ имаше забележителни игри на Копа Америка и го сврте кон себе интересот на европските клубови. За него се заинтересираа и Милан и Атлетико Мадрид, но раководството на Арсенал е најконкретно и веќе замина за Бразил на преговори со неговиот клуб Гремио.

Новиот спортски директор Еду замина во родната земја да оствари контакт со бразилскиот клуб и со агентот на Евертон и се надева дека би можел да го доведе на „Емирати“ за 35 милиони фунти. Претходно, Арсенал се обиде да стигне до Вилфрид Заха, но налета на груб одговор од Кристал Палас дека напаѓачот може да замине само за огромна отштета од 75 милиони фунти.

Се вчитува...