Англискиот премиерлигаш Арсенал го одреди Николас Пепе, напаѓачот на Лил, како приоритетна цел за претстојниот зимски преоден рок. Менаџерот Унаи Емери го посакува во офанзивната линија од тимот за вториот дел од сезоната, но очигледно дека преговорите со Лил нема да бидат лесни.
Францускиот клуб бара 80 милиони евра отштета за нигерискиот интернационалец кој блеска оваа сезона во францускиот шампионат. Тој во моментот е втор стрелец зад Килијан Мбапе, со 12 постигнати гола, а има забележано и пет асистенции.
За Николас Пепе има интерес и од ПСЖ, Борусија Дортмунд и од Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА