Откако поведе со 2-0 во дуелот со Брајтон, се чинеше дека Арсенал со лесен триумф ќе се врати веднаш на првото место, но на крајот мораше да стравува за победата, а во еден момент и Раја да спасува со неверојатна одбрана, за „топчиите“ одново дојдат до нов триумф.
Одегард во 14. минута постигна убав гол и го донесе Арсенал во предност. Во 52. минута Рајс центрираше од корнер, а Рутер си постигна автогол и така го зголеми резултатот на 2-0, и се чинеше дека домашните веќе имаат три бода.
Но, откако Гомез успеа да намали во 64. минута од средбата по една одбиена топка, невеорјатно е она што го одбрани Раја е навистина за најавни шпици. Шпанецот интервенираше со врвот на прстите и спаси израмнување од страна на Брајтон, со што тимот на Артета можеше да има големи проблеми во финишот.
Емотивен натпревар имаше на „Енфилд“ каде Ливерпул и Вулверхемптон одиграа во спомен на Диого Жота. На крајот славеше Ливерпул со 2-1, со два гола во една минута во првиот дел.
Гравенберх во 41. минута, и Вирц со својот прв гол во Премиерлигата во 42. минута донесоа предност. Сепак, Буено во 51. минута намали и донесе неизвсност до крајот на мечот, но избраниците на Арне Слот на крајот успеаја да дојдат до трите бода.
Екипата на Фулам со голот на Хименез во 85. минута славеа на гостувањето кај Вест Хем. Барнли и Евертон одиграа без голови, додека Брентфорд со 4-1 беше подобар од Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

