Арсенал е неочекувано тивок во раната фаза од летниот преоден рок, „топчиите“ активно бараат нов голгетер што би ја засилил најболната точка во екипата, но и се соочуваат со сериозни проблеми во обидите да стигнат до играч кој веднаш би оставил трага врз тимот на Микел Артета.
Паралелно со преговорите за „класична деветка“ во која во преден план се Виктор Гијокереш и Бенџамин Шешко, новиот директор на Арсенал отвори и амбициозни преговори за да го доведе на „Емирати“ бразилскиот репрезентативец од Реал Мадрид, Родриго. Станува збор за играч за кого тренерот Артета има исклучително високо мислење и што самиот шпанскиот шпански стратег го побарал, особено откако Реал најави дека е подготвен за негова продажба доколку добие примамалива понуда.
Сепак, мадридскиот весник „Ас’ тврди дека преговорите биле експресно прекинати откако Родриго јасно ставил до знаење дека очекува висока плата, со која би бил на врвот на листата во Арсенал по годишна заработувачка. Бразилецот инсистирал дека нема да ги спушти барањата под 11 милиони евра по сезона (плус два милиони преку бонуси), сума што е неприфатлива за „топчиите“, кои ги прекинале преговорите и како што стојат работите, истите нема да бидат продолжени до крајот на летово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

