Иако Арсенал се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампионите, на некои играчи од овој тим не им е до славје. Еден од нив е Рахим Стерлинг. На Англичанецот му беше соопштено дека може на лето да си бара нов клуб и да го напушти клубот.
„Топчиите“ нема да го откупат договорот на Рахим Стерлинг од Челси на крајот од сезоната. Лондонската екипа го позајми Стерлинг во август 2024 година до крајот на сезоната, со опција за откуп на договорот, но истата нема да биде активирана.
Така, челниците на Арсенал наскоро ќе ги информираат агентите на Стерлинг дека досегашната соработка ќе заврши на крајот од сезоната. Англискиот офанзивец ќе се врати во Челзи, со кого е под договор до јули 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА