Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ќе се раздели со четворица играчи, со цел да се обезбедат дополнителни средства за засилувања на екипата.
Од оние кои ќе ги заминат од „Емирати“, се голманот Арон Рамсдејл, потоа Еди Нкетиа, Емил Смит-Роу и Рис Нелсон. Оваа информација доаѓа после веста дека дури 19 играчи го напуштија тимот пред неколку дена.
Рамсдејл го загуби стартното место во Арсенал, и сега таму брани Раја. Останатите тројца имаа(т) само епизодна улога во тимот на „топчиите“ и досега не успеаја да се изборат со статус на првотимци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА