Го победи Манчестер сити, па стана желба на Арсенал

Англискиот премиерлигаш Арсенал сака на лето во своите редови да го доведе фудбалерот на Базел, Мохамед Елјонуси. Раководството на „топчиите“ е восхитено од настапот на норвешкиот интернационалец кој има мароканско потекло на натпреварот против Манчестер сити во Лигата на шампионите, а клубот го следи офанзивниот играч за врска уште од периодот кога Базел имаше дуели со Арсенал во елитното натпреварување.

Елјонуси блесна и на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити, постигнувајќи еден гол и една асистенција против тимот на Пеп Гвардиола за голем триумф на Базел среде Манчестер.

Мохамед Елјонуси оваа сезона има седум гола и 13 асистенции во дресот на Базел, а го следат и скаутите на Лестер и на Саутемптон. Сепак, Арсенал со брза реакција веќе испратил порака до неговиот агент дека сака да го види на „Емирати“ од следната сезона. Висината на понудата неофицијално ќе изнесува 20 милиони евра.

Се вчитува...