Фудбалерите на Арсенал очигледно немаат сили за сериозна битка за титула во Премиерлигата, повторно играјќи си со нервите на своите навивачи овој пат во 22. коло на дуелот против Астон Вила.
„Топчиите“ имаа предност од 2-0 на дуелот, но успеаја да ја прокоцкаат за конечни 2-2, во крајно возбудлив натпревараи.
Домашните до предноста од 2-0 дојдоа со головите на Мартинели и Хаверц.
Но, потоа Тилеманс погоди во 60. минута за 1-1, а Воткинс во 68. минута за конечни 2-2.
„Топчиите“ постигнаа и трет гол во 87. минута преку Морено, меѓутоа топката на патот до мрежата на Мартинез го удри Хаверц во раката, по што ВАР-технологијата го поништи погодокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

