Фудбалерите на Арсенал славеа на гостувањето кај Брајтон и Хов Албион со 0-3 во меч од 32. коло во англиската Премиер-лига. Гостите до водство од 0-1 стигнаа со погодокот на Букајо Сака од пенал во 33. минута.
На 0-2 зголеми Каи Хаверц во 62. минута, додека конечните 0-3 ги постави поранешниот фудбалер на Брајтон, Тросард кој стрелаше во 86. минута. Со овој триумф Арсенал, барем 24 часа ќе биде на врвот во Премиерлигата откако има бод повеќе од Ливерпул кој својот натпревар од 32. коло ќе го одигра утре на гостински терен кај Манчестер јунајтед.
Brighton 0 – [3] Arsenal – Leandro Trossard 86’
byu/ganiganiu insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА