Aрсенал славеше над Вест Хем, но можеби го изгуби Одегард, Jунајтед конечно победи без проблеми (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал стигнаа до нова победа сезонава во домашниот шампионат откако денеска во малото лондонско дерби славеа над Вест Хем јунајтед со 2-0 во меч од 7. коло од Премиерлигата.

Лошо почна мечот за домаќините откако Мартин Одегард поради повреда мораше да го напушти теренот во 30. минута. Сепак, само осум минути подоцна „топчиит“ стигнаа до водство од 1-0 преку Деклан Рајс. Конечните 2-0 ги постави Букајо Сака од пенал во 67. минута.

Arsenal [2] – 0 West Ham – Bukayo Saka penalty 67'
byu/derawon insoccer

Манчестер јунајтед конечно славеше откако победи на домашен терен против Сандерленд со 2-0. Стрелци на головите за „црвените-ѓаволи“ беа Мејсон Маунт во 8. минута и Бенџамин Шешко во 31. минута.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...